Македонија
8. January 2023 - 12:54

Приведени две лица, превезувале бесправно исечени огревни дрва

На 06.01.2022 околу 18.50 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица  Драчево на место викано „Маркова Сушица“ лишени од слобода биле С.Б.(30) и Е.Б.(26), двајцата од с.Цветово.

Имено, полициски службеници запреле патничко возило „лада плава“, натоварено со огревни дрва без соодветна документација, при што С.Б. кој го управувал возилото и неговиот совозач Е.Б. се дале во бегство, но набрзо биле фатени.
Двете лица биле приведени во полициска станица, а возилото е предадено за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.