-->
-->
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-->
На 11.05.2025 во 19.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.П(23) од Кавадарци затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена тревкаста и бела прашкаста материја. Подоцна, по добиени оперативни сознанија дека дрогата ја купил од Т.С.(41) од Кавадарци, на 12.05.2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.С., при што била пронајдена и одземена зелена тревскаста материја, по што и тој бил лишен од слобода.
Ѓ.П и Т.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта