Приведени двајца скопјани при претрес во Чаир
На 17.12.2023 во 16.10 часот на подрачје на Чаир, во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели
-
Да се внимава со користењето на водата на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Малолетници се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише во Скопје
-
Тема на денот со Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република