Приведени двајца кичевци кои не го почитувале полицискиот час
Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид , каде спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие, во општина Кичево во периодот од 19 часот синоќа до 7 часот утрово, две лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој објаснува дека тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата кои веќе се во изолација од кои тројца во Кичево. Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, во Кичево 25. Извршени се 137 контроли врз овие лица во изојација, седум во Кичево.
Полициските службеници извршиле 45 контроли на угостителски објекти.
Ново на Сител
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар