Приведени двајца дилери, запленета марихуана
На 07.08.2021 околу 17.30 часот на регионалниот пат Негорци -Прдејци од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во соработка со ОВР Гевгелија, лишени се од слобода Џ.С.(29) од Гевгелија и Ф.Н.(34) од Скопје.
Имено, Џ.С.бил затекнат како предава поголемо пакување марихуана на Ф.Н., кој чекал паркиран до патот во своето патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки. При обидот да биде лишен од слобода Џ.С. се обидел да избега, но бил фатен и кај него било пронајдено пакувањето марихуана во количина од еден килограм. Полициски службеници го лишиле од слобода и Ф.Н.. На лице место е извршен увид од страна на криминалистичка техника при ОВР Гевгелија, а двете лица се приведени во полициска станица.
Известен е Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот
-
Државен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот
-
Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
-
Костадиновска Стојчевска поднесе претставка против Африм Гаши бидејќи прво ја прочитал заклетвата на албански
-
Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче
-
Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден на 10 години затвор