Приведени четворица гостиварци за поседување марихуана
Гостиварската полиција, вчера лишила од слобода четири лица за поседување наркотици. При претресите во две акции кај нив е откриена марихуана.
Според СВР Тетово, вчера на улица „Беличица“ во Гостивар, вчера околу 18 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода гостиварците З. Х.(26) и Г. Е.(44). При нивен личен преглед, пронајдена им е марихуана.
Три часа подоцна врз основа на судска наредба, полицијата извршила претрес во дом на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на Н. И. (37). При претресот во неговиот дом, пронајдена е марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Освен домаќинот, приведен е и Г. Н. кој бил затекнат во куќата.При личен преглед кај него пронајдена и одземена е марихуана.
Против приведените се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, а ќе им бидат поднесени и соодветни пријави.
Минатата година во поширокиот полошки регион, полицијата привела и осомничила околу 180 лица поврзани со неовластено произвоство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхиотропни супстанци и прекусосри.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста