Македонија
22. November 2023 - 11:52

Приведена жена од Гостиварско, украдените пари и накит пронајдени и вратени на сопственичката

Полицијата вчера околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лиши од слобода 54-годишната М.Р. од ова село.

Како што соопшти МВР, половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит.

Случајот целосно е расчистен, а одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката. Против М.Р. ќе следува соодветен поднесок.