Македонија
3. March 2021 - 12:55

Приведен жител на Боговиње откако со оружје се заканувал поради расправија во сообраќајот

Жител на Боговиње завршил во полициска станица лишен од слобода, откако претходно во денот со оружје се заканувал на човек од Радиовце со кого се расправале околу недоразбирање во сообраќајот. Настанот се случил на регионалниот пат од Пирок кон Боговиње.

 -Околу 9 часот вчера на патот Пирок-Боговиње 61-годишниот Н.А. од Боговиње му се заканил со оружје на 46-годишниот Г.М. од тетовско Радиовце кој со своето возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки се движел по сообраќајната делница. На заканата претходела нивна расправија околу недоразбирања во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.

 По пријавувањето на случајот околу 11 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишникот од Боговиње.