Македонија
2. December 2020 - 18:56

Приведен возач на камион со 2,44 промили алкохол на патот Прилеп-Кавадарци

Вечерва (02.12.2020) околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило "волво" со руски регистерски таблички под дејство на алкохол.

Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија.