Приведен велешанец поради предизвикување пожар
Велешанец е приведен денеска под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон село Клуковец.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнат С.Ц. од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.
- По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ, се наведува во соопштението.
Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.
- Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112, велат од МВР.
Изминатите десетина дена во земјава се регистрирани голем број пожари на отворено, а дел од нив се уште се водат како критични. Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а воведена е и забрана за движење во шуми.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија