Македонија
9. August 2021 - 14:27

Приведен скопјанец, во возилото со кое управувал пронајдена марихуана

 Г.Н. од Скопје е упасен утрово на патот кај село Другово, откако во возилото „Фиат Пунто“, кое го управувал, полицијата пронашла марихуана.

Како што соопшти МВР, Г.Н. е приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.