Приведен скопјанец, при караница извадил пиштол
Вчера на бул.„Никола Карев” во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(27) од с.Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.
Имено, непосредно пред тоа на ул.„Македонско-косовска бригада”, Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо”, со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат”, со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби.
По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка