Македонија
21. October 2021 - 10:37

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор

На 20.10.2021 во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на распишана потерница од Основен Суд Скопје, го лишиле од слобода А.П.(41) од Скопје.

Тој се барал за издржување казна затвор од две и пол години за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, велат од МВР.