-->
-->
Приведен штипјанец по распишана централна потерница
-->
– Во скопската населба Ќерамидница денеска во 11.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.А. (19) од Штип.
За него била распишана централна потерница по наредба од Затвор Струмица, каде издржувал казна затвор за сторено кривично дело „одземање на мотроно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.
Како што информираа од МВР, дополнително за него се води постапка во Основен Суд Штип поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236.
Е.А. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот