Македонија
10. September 2022 - 14:32

Приведен насилник од Скопје, физички нападнал малолетници

„На 09.09.2022 во 20.00 часот на булеварот „Србија” полицајци од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје. Тој претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште во населбата нападнал уште двајца малолетници“, велат од полицијата.

М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветена пријава, додаваат од МВР.