Приведен малолетник по извршено разбојништво во обложувалница во Тетово
Шеснаесетгодишен малолетник од Тетово бил идентификуван, пронајден и приведен многу брзо откако извршил разбојништво што околу вчера во 20 часот и 10 минути го извршил во спортската обложувалница Мар бет на улицата Страшо Пинџур во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци малолетникот со шал на лицето, капа на главата и плетени нараквици на рацете, влегол во обложувалницата и заканувајќи се со кујнски нож ја натерал вработената К.С.(30) од фиоката да му даде 4.000 денари во разни апоени од дневниот промет и нејзиниот мобилен телефон.
На излегување тој го оставил телефонот и избегал, но, набрзо бил идентификуван и во присуство на негов родител лишен од слобода. Во истрагата бил пронајден и ножот, а со потврда му била одземена и облеката што ја носел. - Во консултација и координација со јавниот обвинител по извршените разговори малолетникот бил пуштен и ќе се соочи со соодветна пријава, најави Јосифовски.
Ново на Сител
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија