Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија
На 15.01.2024 околу 19.40 часот во с.Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
-
Почувствуван земјотрес во Дебар и околината
-
Две потрошувачки кошнички - синдикална и официјална, нема договор за минималната плата
-
Сто педесет и три години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Променливо облачно и ветровито, опаѓање на утринските температури до крајот на неделава
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата