Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени 10 лица мигранти
На 08.08.2023 во 20.00 часот на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Р.(20) од с.Студеничани, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија - Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.
Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани