-->
-->
Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување затворска казна
-->
Тетовската полиција синоќа околу 22 часот и 50 минути на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово го привела 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран за доиздржување затворска казна.
-К.М бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии