-->
-->
Приведен крадец во Велес
-->
Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 17:50 часот го лишиле од слобода 42-годишниот велешанец Н.А. Тој се сомничи дека околу 17:30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари. Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена