-->
-->
Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката
-->
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа. При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.
Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга