-->
-->
Приведен крадец, пронајдено одземено возило
-->
– Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17:30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен по претходна пријава од Ј.Н. од Демир Хисар дека му било одземено неговото патничко моторно возило “сузуки”.
Веднаш по добиената пријава, како што посочуваат од МВР, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на местото викано Мраморица, а сторителот е приведен.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Свежо утро, топло преку ден, температура до 28 степени
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар