Приведен крадец од Прилеп што крадел во Скопје
Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот Законик, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари.
Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и одзеле рачни часовници, парфеми и други предмети.
Од увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот извршен бил увид и потоа се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 13.09.2020 првопријавениот бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Карпош.
Ново на Сител
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка