Македонија
12. September 2022 - 11:34

Приведен крадец од Гостиварско

 Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера  околу 10.30 часот, во гостиварски Добридол лишиле од слобода малолетник од ова село, осомничен дека бил инволвиран во извршување на тешка кражба.

Како што информираа денеска од МВР, кај него бил пронајден и одземен предмет кој потекнувал од претходно извршено кривично дело „кражба“, кој ќе биде вратен на сопственикот.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.