Македонија
25. November 2020 - 11:14

Приведен крадец-малолетник, фатен на дело при тешка кражба во угостителски објект

Денеска (25.11.2020) во 03.20 часот полициски службеници од ЕВР ОКР Аеродром и Драчево лишија од слобода малолетник, кој бил фатен на лице место приизвршување на кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објекти на бул. „АСНОМ“. Кај малолетникот се пронајдени предмети од кривичното дело и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.