-->
-->
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-->
Приведен е кавадарчанец за физички напад врз неговиот син, информираат денеска од СВР - Велес.
-Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода К.М., на возраст од 51 година, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот 27-годишен син. Според пријавеното, во нападот учествувал и другиот негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.
К.М. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје