Македонија
9. April 2024 - 12:04

Приведен измамник од Kичевско по распишана централна потерница

Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево вчера во 14.05 часот, го привеле Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште, соопштија денеска од МВР. 

За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“. 

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Ново на Сител