Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.
Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на Си-Ен-Ен Турк.
Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.
Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.
На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.
Ново на Сител
-
19-годишниот Јован Костадинов влегол во пожарот и спасил 21 дете, мајка сведочи зa неговото херојство
-
МПЦ - ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите
-
Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул
-
Ангелов: Да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда
-
Уапсени двајца 18-годишници кои синоќа палеа огномет во градски парк
-
Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА