Македонија
16. March 2020 - 19:12

Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање угостителските објекти

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 13 часот го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар. Во угостителскиот објект лоциран на улица „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со коронавирусот, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.

Ова вечерва на својот официјален Фејсбук профил го објави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

-МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива, пишува Петровска на фејсбук.