Македонија
26. јуни 2021 - 11:07

Приведен дилер во Кочани, пронајдена марихуана и бела прашкаста материја

На 25.06.2021 во 23.40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(23) од Кочани затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.