Приведен дилер на дрога во струмичко
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа во 19:00 часот во струмичкото село Василево, го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, подоцна со судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага.
-Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Организирал игри на среќа преку негова веб страница, уапсен тетовец
-
Охриѓанец ги следел и вознемирувал малолетните ќерки на неговата девојка
-
Скопјанец се самозадоволувал пред малолетнички во парк
-
Неделков: Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести
-
Ураганот Шаншан ја погоди источна Јапонија, најмалку шест загинати и стотина повредени
-
Од утре претежно стабилно, температурите повисоки за околу три степени
-
Починал мотоциклист во сообраќајна несреќа кај струмичко
-
КФОР формира кордон на Ибарскиот мост во Митровица