Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
Полициски службеници во Дебар привеле жител на градот поради агресивно однесување кон нив, а дополнително кај него пронашле и ладно оружје.
-Денеска во 01:10 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар го приведоа Ј.К.(35) од Дебар кој, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен нож, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека по документирање на случајот, против Ј.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е прв случај годинава на агресивно однесување кон полициските службеници. Минатата година регистрирани сè повеќе случаи на агресивно однесување или физички напад врз полициски службеници при вршење службени дејствија.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“