Македонија
18. February 2021 - 17:35

Приведен албански државјанин поради обид за поткуп на полициски службеник

Денеска (18.02.2021) во 13.10 часот на граничниот премин Блато, на влез во Република Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија. При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете.
А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.