Македонија
19. February 2024 - 14:38

Приведен 61 годишен кичевец баран по потерница

Приведен 61 годишен кичевец баран по потерница.

- На 19.02.2024 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле В.М.(61) од Кичево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот закони, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.