-->
-->
Приведен 35-годишник за напад врз сопругата
-->
Тетовската полиција бележи приведување поради пријава за семејно насилство во тетовско село. Маж на 35 години физички ја нападнал сопругата.
-Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа во нивниот семеен дом физички ја нападнал нејзиниот 35-годишен сопруг. Пријавениот набргу бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според статистичките анализи на СВР Тетово, од јануари до септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените
-
Пукање во скопско Моране
-
Повредените во стабилна состојба
-
Кочани тагува
-
Струмичани се збогуваа со Ѓоко Георгиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Кочани тагува