Македонија
19. November 2020 - 10:24

Приведен 35-годишен маж за доиздржување на затворска казна за тешки кражби

На 18.11.2020 во 21.00 часот од страна на полицициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Г.Т.(35) од с.Долни Балван, по распишана потерница за дозидржување на казна затвор за повеќе кривични дела од областа на имотните деликти – тешки кражби и кражби. 

Г.Т.  е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Струмица за доиздржување на затворската казна во времетраење од речиси 10 месеци.