-->
-->
Приведен 31 годишник од Скопје, кај него била пронајдена дрога, муниција и фалсификувани патни исправи
-->
На 29.03.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба и од Единицата за недозволена трговија лишен од слобода е Б.К.(31) од Скопје.
Имено, при претрес на дом на подрачјето на Гази Баба, кој го користел Б.К., извршен со наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје, пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, и тоа: два лаптопи, фалсификувана патна словенечка исправа на име М.К., фалсификувана бугарска возачка дозвола на име В.В., два куршуми пиштолска муниција, две дигитални ваги, две ќесички бела прашкаста материја. Б.К. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците