Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полиција
Триесет и едногодишен маж од Криволак синоќа бил лишен од слобода поради агресивен однос кон лица од Шумска полиција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Д. од неготинското село Криволак. Околу 21:30 часот во атар на неготинското село Пепелиште, вработени во Шумска полиција - Неготино затекнале три лица како во патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, товарат исечени дрва. Набргу, на местото пристигнал Р.Д. со уште три лица, кој се однесувал агресивно кон вработените во Шумска полиција и ги спречувал при извршување на службените задачи, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што додаваат, дрвата и возилото биле одземени, а Р.Д. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, како што истакнуваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис