Македонија
10. December 2021 - 10:53

Приведен 26 годишник баран по централна потерница за издржување казна затвор од три години

На 09.12.2021 во 15.15 часот на ул.„Бајрам Шабани“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(26) од Скопје. Тој бил баран по распишана централна потерница за издржување казна затвор од три години. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.