-->
-->
Приведен 26-годишен крадец во Скопје
-->
– Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Џ.Б.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на улица „Македонија“ во зграда, сопственост на правно лице, извршил кривично дело „тешка кражба“.
Како што информира МВР, со пријавениот бил извршен службен разговор, во кој тој го опишал извршувањето на кривичното дело, кое го извршил заедно со еден малолетник.
И малолетникот бил повикан во полициска станица и во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција и со него бил извршен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
-
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб
-
Делови од Кисела Вода и Волково без струја
-
Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог