Притворот на Јордан Камчев продолжен за уште 30 дена
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му ја продолжи за уште 30 дена мерката притвор на Јордан Камчев, осомничен за случајот „Плацеви на Водно”.
– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена. Против ова решение, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд – Скопје, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.
Одбраната на Јордан Камчев, пак, претходно најави дека до Судскиот совет на РМ ќе поднесат преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба
-
Започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие