Притвор за 25-годишен велешанец - Со палење на седишта предизвикал голем пожар
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице од велешкото село Горно Оризари за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 25-годишник, на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села. Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и ја определи бараната притворска мерка.
Ново на Сител
-
Најмалку две жртви и 100 повредени откако тајфунот Јаги ја погоди јужна Кина
-
МЗШВ: Одземено возило со дрва, управувано од лице вработено во Шумска полиција
-
Гроси: МААЕ планира да ја зголеми соработката со Русија
-
Бела куќа: Трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина
-
Повик за субвенции за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници
-
Влада: Нема веќе турканици, вадење пасоши и лични документи во редовен рок
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-
Во Собранието ќе биде доделена наградата „8 Септември“