Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за напад на полициски службеници во Битола. На предлог од надлежен јавен обвинител, на двајцата им е определен притвор во траење од осум дена.
Осомничените, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со ножеви им се заканиле на двајца полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола.
- Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Украина го прекина транспортот на руски гас
-
Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
-
Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
-
Во 2025 година пет продолжени викенди
-
Првото бебе во 2025 година е машко
-
На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени
-
Струмичанец починал по задушување од пожар предизвикан од греалка
-
Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица