Пристигнаа првите елени на Галичица
Во Националниот Парк Галичица пристигнаа првите елени, кои се наоѓаат во репродуктивниот центар, изграден специјално за оваа намена. Новиот репродуктивен центар, со големина од осумдесетина хектари оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци) и за таа намена е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
Проектот, вреден 340.000 евра, е финансиран од Европската унија во рамки на „Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја”.
Оваа Програма, која опфаќа повеќе проекти низ целата земја изнесува 4,3 милиони евра, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Националниот парк Галичица, во рамки на проектот, со овие активности се грижи и за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.
Репродуктивниот центар и елените ќе се користат исклучиво за активно управување на овие екосистеми, а не како ловиште.
Ново на Сител
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади