Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра
Цената на природниот сладолед од ванила во изминатите години се зголеми во целиот свет и мали се надежите дека ќе се намали, изјави сопственикот на фирмата „Aust&Hahman“ која е еден од најпознатите снабдувачи на пазарите со ванила.
Се тврди дека цените на некои места се зголемени за 16 пати и дека се зголемиле од просечно 30 евра по килограм на околу 500 евра.
„Aust&Hajman“ е фирма основана во 1881 година во Хамбург, која се специјализирала за сие видови ванили и годишно продава околу 300 тони од таа состојка.
- Производството на ванила е во длабока криза, рече Хахман.
Тој нагласи дека на пример бурбон ванила, кој потекнува од Мадагаскар, островот Реунион или Коморските острови е речиси невозможно да се најде.
- Моментално воопшто не можеме да ја понудиме, рече тој.
Наместо тоа се продава тахиканска ванила, која има блага арома и потекнува од Папуа Нова Гвинеја.
Додека производството на природна ванила се намалува најмногу благодарение на ниските цени на Мадагаскар, побарувачката меѓу потрошувачите за природни состојки порасна.
Се наведува дека аромата на ванила се добива од ферментирана ванила, која е посебен вид орхидеја и затоа што е потребно три до четири години да се воспостави плантажа со ванила, засега нема начини ситуацијата на пазарите да се подобри.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје