Принц Едвард: Смртта на принцот Филип остави голема празнина во животот на британската кралица
Принцот Едвард денеска откри дека британската кралица Елизабета Втора изјавила дека смртта на нејзиниот сопруг Филип оставила „голема празнина во нејзиниот живот“, јави Скај Њуз.
Војводата од Јорк процени дека неговиот татко „секогаш мислел повеќе на другите отколку на себе“ и бројните успеси ги нарече „фантастични“.
Членовите на кралското семејство присуствуваа на церемонија во Кралската капела во паркот Виндзор.
„Смртта на татко ми беше голем шок. Колку и да се подготвувате за најлошото, сепак сте погодени од ужасен шок. Ние се уште се обидуваме да се освестиме, и тоа е многу, многу тажно”, нагласи принцот Едвард.
Денеска беа одржани служби низ цела Британија во чест на покојниот принц Филип, а архиепископот од Кантербери се молеше за оние кои сметаат дека смртта оставила многу голема празнина во нивните животи.
За време на третиот од осумте денови национална жалост, луѓето се собраа на кралските места каде што оставија цвеќе, додека верските и политичките лидери изразија поддршка на 94-годишната кралица.
„Можеме да се молиме и да им дадеме љубов на сите што веруваат дека големиот живот остава голема празнина“, рече архиепископот од Кантербери Џастин Велби.
Филип, војводата од Единбург, почина во петокот на 100-годишна возраст. Бакингемската палата вчера објави дека погребот ќе се одржи в сабота, на 17 април. Принцот ќе има свечен кралски погреб, а не државен погреб, во кругот на замокот Виндзор и на кој ќе присуствуваат 30 лица.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми