-->
-->
Примопредавање јапонска донација за поддршка на Националната опера и балет
-->
Во фоајето на Националната опера и балет денеска напладне ќе биде примопредадена донација од грант на владата на Јапонија за поддршка на културата – Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет.
Донацијата се реализира во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (JICA) во рамки на програмата за културни грантови.
Координацијата и испораката на оваа донација како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, заедно со Амбасадата на Јапонија во Македонија и Министерството за култура.
На прес-конференција по повод донацијата ќе се обрати вицепремиерот за еврпски прашања Никола Димитров, како национален координатор на странска помош, а ќе учествуваат и јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, министерката за култура Ирена Стефоска, главниот претставник на JICA за Балканот – Такеичи Џиро и директорот на Националоната опера и балет, Васо Ристов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби