-->
-->
Примера: Лас Палмас ја совлада Валенсија
-->
Екипата на Лас Палмас успеа да стигне до победа во 20.коло од Примера откако синоќа ја совлада Валенсија со 3:1 иако гостите водеа со 1:0. Валенсија поведе со голот на Санти Мина во 21.минута. Џонатан Виера во 42.минута изедначи на 1:1, а по исклучувањето на Ел Хадиди кај Валенсија (51.минута), домашниот тим ја искористи предноста и со головите на Маурицио Лемос во 57.минута и на Кевин Боатенг во 61.минута.
Лас Палмас со 28 бодови се наоѓа на 11.место, додека Валенсија остана на 19 бодови и на 15.место.
Резултати на другите дуели од 20.коло: Реал Мадрид – Реал Сосиедад 3:0, Атлетик Билбао – Хихон 2:1, Еспањол – Севиља 3:1, Бетис – Барселона 1:1, Леганес – Селта 0:2, Еибар – Депотиво 3:1, Алавес – Атлетико Мадрид 0:0, Виљареал – Гранада 2:0 и Осасуна – Малага 1:1.
Табела: Реал Мадрид 46 бодови, Барселона 42, Севиља 42, Атлетико Мадрид 36, Реал Сосиедад 35, Виљареал 34,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот