Примера: Еден е мистер 90', еден е Рамос
Фудбалерите на Реал во саботата го соборија клупскиот рекорд откако и на 35-от натпревар во низа, во сите натпреварувања, останаа непоразени. Реал со пресврт ја победи Ла Коруња 3:2, а спасител повторно беше Серхио Рамос кој постигна гол во 93. минута, откако десет минути претходно младиот напаѓач Дијаз израмни на 2:2.
Непобедливоста на Реал трае пет ипол месеци, последен пат тимот на Зинедин Зидан загуби на 6-ти април од Волфсбург во Лигата на шампионите. Со триумфот над Ла Коруња Реал на Зидан го собори рекордот на Реал со Лео Бенхакер од 1989 година, кога тимот не загуби на 34 натпревари во низа.
Серијата на непобедливост на Реал во домашното првенство трае од 2-ри февруари, кога Атлетико славеше на „Сантијаго Бернабеу“. Реал во Примера е непоразен на последните 26 натпревари. Клупскиот рекорд во домашниот шампионат изнесува 29 мечеви без пораз, а датира од 1995 година.
Реал против Ла Коруња играше без повредениот Бејл, односно без Роналдо, Модриќ и Бензема, а спасител беше Серхио Рамос, кој и во минатото коло му помогна на тимот да го избегне поразот во Барселона, со гол постигнат во 90-та минута.
Со голот во 93-та минута Рамос буквално ги „запали“ социјалните мрежи, а еден од коментарите на Твитер гласи: „Само три работи во животот се сигурни: плаќање на данок, смртта и гол на Рамос по 90-та минута“.
Шпанскиот репрезентативец од почетокот на сезоната веќе има постигнато пет гола повеќе од било кој друг дефанзивец во Примера.
Рамос му овозможи на Реал да ја задржи предноста од шест бода во однос на Барселона на првенствената табела.
Инаку дуелот со Ла Коруња беше последен за Реал оваа календарска година, бидејќи екипата се сели во Јапонија каде ќе настапи на Светското клупско првенство. На 15.декември Реал во полуфиналето ќе игра против Клуб Америка од Мексико.
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера