Примале лица без сертификати, не издавале фискални сметки - затворени 4 угостителски објекти во Куманово
Во текот на викендот (29/30.01.2022) од страна на Одделот за криминалистички работи, Единицата за брзо распоредување, СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беше спроведена акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.
За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на ДПИ, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица кои не поседувале Ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет.
На три објекти од страна на инспекторите им е побарана дополнителна документација, а на уште еден објект е изречена санкција поради непочитување на Законот за угостителска дејност. Дополнително, на три лица ќе им биде изречен поднесок согласно Законот за лична карта.
По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути